Автошкола ДЕНС

          Автошкола ДЕНС–Велес е основана во далечната 1999 година. Во целиот овој временски период имаме над 10 000 обучени кандидати, располагаме со модернизирана училница за теоретска настава  која ја спроведува стручен предавач, нудиме обука за сите категории на моторни возила. Нашиот тим е составен од 7 искусни инструктори кои со голема желба и посветеност ја работат својата работа прилагодувајќи се на барањата на секој кандидат, а нашиот возен парк брои околу 15 моторни возила .

          Идеја за основање на Автошколата беше унапредување на квалитетот на обуката и едукацијата на идните возачи се со цел зголемување на безбедноста во сообраќајот.

          Уште од самото основање па се до денес, примарна и најбитна цел на автошколата е на нашите кандидати да им обезбедиме квалитетна обука односно да ги научиме на најважните техники и вештини во возењето кои ќе им помогнат да имаат успех во возењето во текот на целиот свој живот со што би влијаеле на намалување на сообраќајните незгоди во сообраќајот.

          Тоа што постоиме  повеќе од две децении на пазарот ни потврдува дека квалитетот на обуката и задоволните кандидати е единствен и најдобар начин како автошкола да напредуваме. ,,Задоволен и квалитетно оспособен кандидат  е најдобрата реклама која можеме да ја имаме“. Особено сме горди кога нашите задоволни кандидати не препорачуваат на други потенцијални кандидати.

          Најбитно во самата обука е возилото да е исправно  и лесено за управување, па затоа  ние се трудиме да обезбедиме најдобри услови за нашите кандидати. Секое наше возило е технички исправно, современо односно ги нуди сите можности.

НАПОМЕНА :изборот на возилото ќе ви биде тежок 🙂

,,Возачката дозвола не претставува право на управување со моторно возило туку привилегија за совесно и одговроно однесување при управувањето на возилото во сообраќајот.”

Процес на обука

Процесот на обука започнува кога кандидатот ќе се се стекне со лекарско уверение кое ја потврдува неговата здравствена состојба и истото е неопходно за управување со секое моторно возило. Дополнително секој кандидат за да може да започне со обука мора да има завршено минимум основно образование.
Откако кандидатот ќе се стекне со лекарско уверение издадено од стручна лекарска комисија (лекарските прегледи за психо-физичката состојба на кандидатот се вршат во ЈЗУ Здравствен Дом Велес) тој задолжително посетува теоретска настава во просториите на Автошкола Денс. Откатко кандидатот ќе ја заврши теоретската настава решава пробен тест за утврдување на совето знаење  и може да пристапи кон избор на инструктор со кој сака да ја спроведува обуката.
Во меѓувременскиот период додека кандидатот ја спроведува обуката со својот инструктор  тој задолжително мора да  посети прва помош како би се стекнал со сертификат издаден од страна на Црвен Крст и да ја одреди својата крвна група.
Откако кандидатот ќе утврди дека е подготвен за пријавување на возачки испит, а инструкторот ќе го потврди тоа може да постапи кон негово пријавување. Целата потребна документација ја доставува во испитниот центар.

Испитот се состoи од три фази и тоа :  теоретски дел , прв практичен дел (полигон)  и  втор практичен дел (град ).

Категории

Безбеден и сигурен начин за влез во светот на возачите Автошкола ДЕНС заедно со AUTOWELT-Кочани ВИ ДОДЕЛУВА: Ваучер во вредност од 500€. Ваучерот важи за лицето кое извршило обука во Автошкола ДЕНС.

Slika od vaucer za sorabotka na avtoskola Dens so Autowelt

Услуги

Пријави се онлајн

Пријави се онлајн

Подари ДЕНС ваучер

Подари денс ваучер

Соработка со СОНК

соработка со сонк

Тестови за учење

Тестови без точен одговор

Тестови со точен одговор