Б Категорија

За Б Категорија се сметаат моторните возила чија вкупна маса не е поголема од 3500 килограми, и кои немаат повеќе од 8 места за седење, не сметајќи го седиштето на возачот.

Услови за упис на Б категорија:

-Кандтидатот може да започне со обуката на 17 години и 6 месеци, но за да може да полага мора да има наполнето 18 години;

-Кандидатот мора да има завршено минимум основно образование (фотокопија од свидетелство заверена на нотар) ;

-Да поседува важечка лична карта;

-Да поседува важечко  уверение за здравствена и психофизичка способност за управување со моторни возила од ,,Б" категорија;

-За пријавување на возачкиот испит кандидатот мора да има завршена обука и положен испит за прва помош;

Обука на кандидат за Б Категорија

Обуката за Б категорија се сосоти од 20 часови теоретска настава и 36 часа практична настава. Теоретската обука за Б категорија е задолжителна, кандидатот мора да биде присутен на сите часеви на теоретската обука, кандидатот дневно има по 4 часа теорија. Обуката за теоретскиот дел се одвива во просториите на авто школа Денс, додека пак испитот се спроведува во испитниот центар. Кандидатот може да има најмногу 2 часа практична настава дневно. Часовите се прилагодуваат во зависност од слободното време на кандидатот, за времето кога ќе се одвива практичната обука секој кандидат се договара со својот инструктор. Добар возен парк и исправни возила се најбитни за квалитетна обука, ние сме водечка автошкола по квалитетот на обуката, стручноста на инстуркотрите и задоволни кандидати. Нашите возила може да ги погледнете во прилог.

Практичен испит за Б Категорија

Практичниот испит за Б категорија се состои од прв практичен дел полигон и втор практичен дел град. Првиот практичен дел односно полигон се состои од 4 вежби кои секој кандидат детално ќе ги научи со својот инстурктор, додека пак вториот практичен дел град се состои од возење на кандидатот во сообраќај.

НАШИОТ ВОЗЕН ПАРК ЗА Б КАТЕГОРИЈА Е ПРИКАЖАН НА СЛИКИТЕ ПОДОЛУ

No items found.