ЦЕ  КАТЕГОРИJA

Во ЦЕ категорија  спаѓаат моторни возила чија вкупна маса надминува 3 500kg. Oваа категорија опфаќа камион со приколка чија маса надминува 3,5t  и приклучното возолило надминува  750 kg согласно прописите од областа на единечно одобрение на возила.

УСЛОВИ ЗА УПИС НА  CE КАТЕГОРИЈА

→  Кандидатот да има завршено минимум основно образование (фотокопија од свидетелство заверена на нотар);

→  Најмалку една година да поседува возачка од категорија Ц;

→  Да поседува важечка лична карта;

→  Да поседува важечко  уверение за здравствена и психофизичка способност за управување со моторни возила од ,,ЦЕ" категорија;

→  За пријавување на возачки испит кандидатот мора да го има завршено целиот процес на обука ( теоретски  и практичен дел );

 За ЦЕ Категорија има 4 часови теоретска настава и 8 часови практична настава.

За оваа категорија се полага само втор практичен дел од возачкиот испит.

No items found.