А Категорија
А категоријата ќе ви овозможи да управувате со мотроцикли без ограничување на силата или големината на моторот. Oваа категорија ви дава голем избор на возила кои можете да ги управувете.
УСЛОВИ ЗА УПИС НА А КАТЕГОРИЈА
→ Кандидатот мора да има наполнето 24 години ;
→ Кандидатот да има завршено минимум основно образование (фотокопија од свидетелство заверена на нотар) ;
→ Да поседува важечка лична карта ;
→ Да поседува важечко уверение за здравствена и психофизичка способност за управување со моторни возила од ,,A" категорија;
→ За пријавување на возачки испит кандидатот мора да го има завршено целиот процес на обука (теоретски и практичен дел) ;
КОГА ЌЕ ПОЛОЖИТЕ ЗА А КАТЕГОРИЈА СЕ СТЕКНУВАТЕ СО ПРАВО ЗА УПРАВУВАЊЕ НА МОТОРНИ ВОЗИЛА КОИ СПАЃААТ ВО КАТЕГОРИИТЕ :
AM
A1
A2
За А Категорија има 16 часови теоретска настава и 16 часови практична настава.
* Доколку кандидатот има возачка дозвола од Б категорија треба да следи само 4 часови теоретска настава,
* Доколку кандидатот има 2 години искуство од А2 категорија тој може да полага на 21 година.