А2 Категорија
А2 категоријата ќе ви овозможи да управувате со мотроцикли чија големина на моторот не е поголема од 600cc и силата не е поголема од 35kw. Oваа категорија ви дава голем избор на возила кои можете да ги управувете.
УСЛОВИ ЗА УПИС НА А2 КАТЕГОРИЈА
→ Кандидатот мора да има наполнето 18 години,
→ Кандидатот да има завршено минимум основно образование (фотокопија oд свидетелство заверена на нотар),
→ Да поседува важечка лична карта,
→ Да поседува важечко уверение за здравствена и психофизичка способност за управување со моторни возила од ,,А2" категорија,
→ За пријавување на возачки испит кандидатот мора да го има завршено целиот процес на обука ( теоретски и практичен дел ),
→ Кандидатот задолжително мора да има положено испит за прва помош,
За А2 Категорија има 16 часови теоретска настава и 16 часови практична настава.
* Доколку кандидатот има возачка дозвола од Б категорија треба да следи само 4 часови теоретска настава.